Site hosted by Angelfire.com: Build your free website today!
Алберт Сониксен

Роден е на 5 мај 1878 год. во Сан Франциско, Калифорнија, САД. На 21 година (1899) тој е учесник во американската експедиција за освојување на Филипините. Како бунтовник-хуманист, тој преминува на страната на месните востаници. Како резултат од таааа авантура, во 1901 година ќе ја објави својата книга „Десет месеци заробеник на филипинските острови“, а потоа и „Морските разбојници“ итн. По Илинденското востание, кога интересот кон македонското прашање се засили, Сониксен се поврзува со емигранти од Македонија, и се вклучува во полза на движењето на угнетените во Македонија и Одринско. Како секретар на Македонскиот комитет во Њујорк, тој решава поблиску да се запознае со суштината на македонското ослободителното движење.

Како македонски четник, во состав на чети на ВМРО, прекрстарил низ повеќе делови на Македонија. Се среќавал со обични селани, печалбари, четници, војводи и раководители на ВМРО, меѓу кои и со Д.Груев.

Во 1907 год. објавил многу написи во американскиот печат и се јавил како заштитник на македонската ослободителна кауза. Тој е и автор на книгата „Исповед на еден македонски четник“.  

Умира на 15 август 1931 година.

| Следна>> | Именик

granicnik